World News in Macedonian

Коѕијас пристигна на аеродромот во Скопје

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас со владин авион попладнево пристигна на Меѓународниот аеродромот Скопје. 


Коѕијас беше пречекан од македонска делегација, а вечерва ќе има работна вечера со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров. 


Во текот на утрешниот ден се очекува Коѕијас, освен со неговиот колега Димитров, да оствари средби и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети. 


 


   

Читайте на сайте