World News in Macedonian

Путин ги повика граѓаните на единство

Рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на гласачите за нивната безрезервна поддршка и ги повика граѓаните да ги стават настрана нивните политички разлики во име на напредокот. Путин и се обрати на нацијата откако изборната комисија и официјално го прогласи за победник на изборите со освоени 76,69 од гласовите.


Во неговото телевизиско обраќање Путин порача дека властите ќе направат се со цел да им го подобрат животот на граѓаните, но и дека има проблеми со кои се соочуваат кои не можат веднаш да бидат решени.


Според него, владата ќе се фокусира на креирањето работни места, зголемување на приходите и подобрување на здравствениот систем и изградба на нова инфраструктура.


 

Читайте на сайте