World News in Macedonian

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

Автомобил бомба експлодирал денеска на влезот на спортски стадион во Лакшар Гар, главен град на авганистанската југозападна провинција Хелманд. Во нападот, како што се јавува, загинале најмалку 12 луѓе, а повредени се десетици во моментот кога го напуштале натпреварот во борење кој се одржувал на стадионот. Омар Завак, портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд, за РСЕ реќе дека нападот го извршил бомбаш самоубиец кога упаднал со возилото во групата луѓе која поминала низ излезот на стадионот кратко време по завршувањето на натпреварот. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.




 

Читайте на сайте