World News in Macedonian

Истражители ги пребаруваат серверите на Кембриџ Аналитика

Истражители од британската Организација за надзор на податоци влегоа во просториите на "Кембриџ Аналитика" во Лондон, која е обвинета за злоупотреба на податоците на милиони корисници на Фејсбук без нивна согласност. Околу 20 вработени во униформи со ознаката на Организацијата за надзор на податоци доцна синоќа влегле во просториите на фирмата во центарот на Лондон, набрзо откако британскиот Врховен суд издаде налог за претрес. Со судската одлука се овозможува на регулаторниот орган, задолжен за заштита на личните податоци, да ги „пребара серверите“ на компанијата и „да изврши проверка на податоците“ .


Консултантската фирма „Кембриџ аналитика“ се најде во центарот на афера оваа недела откако „свиркач“ соопшти дека компанијата му платила на академик да собере податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук за да направи профил на американските гласачи пред изборите за претседател на САД во 2016 година.


 

Читайте на сайте