World News in Macedonian

Француски полицаец им подлегна на повредите од нападот во супермаркет

Францускиот полицаец кој вчера се понуди како замена за ослободување на заложникот кој во супермаркет во Франција го држеше вооружен напаѓач, им подлегнал на повредите, соопштуваат официјални лица, а пренесува Би Би Си.


"Полицаецот Арно Белтрам загина како херој и покажа исклучителна храброст", изјави францускиот претседател Емануел Макрон.


Белтрам беше меѓу првите припадници на полицијата кој во петокот одговорија на нападот на супермаркет во местотот Треб, во кој загинаа четворица. Белтрам се понуди себеси како замена за една жена која напаѓачот ја држеше како заложник, а притоа беше тешко ранет пред да биде убиен напаѓачот од страна на антитерористичката единица на полицијата. Напаѓачот е познат како радикален исламист, а се работи за 25 годишниот маж Радуан Лакдиј, пренесува Франс Прес.


Францускиот претседател изјави дека истрагата ќе покаже на кој начин напаѓачот го набавил оружјето.

Читайте на сайте