World News in Macedonian

Циклонот Нора ја погоди Северна Австралија

Тропскиот циклон од трета категорија Нора денеска ги погоди северните делови на Австралија, донесувајќи силен ветер и поројни дождови. Од невремето најтешко е погоден западниот брег на австралиската сојузна држава Квинсленд, каде без електрична енергија остнаа над 230 домаќинства. Засега нема информации за жртви на циклонот. Метеоролозите предвидува дека по пристигнувањето на копното Нора ќе прерасне во невреме од четврта категорија, но движејќи се низ северните делови на Квинсленд, циклонот почна да слабее. Во моментов во жариштето на циклонот дуваат ветрови со брзина од 110 километри, но според метеорилозите, со движењето кон југ, Нора ќе ослабне на невреме од втора категорија.

Читайте на сайте