World News in Macedonian

Димитров очекува поместување во спорот за името на средбата во Виена

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за претстојната средба во Виена со неговиот грчки колега Никос Коѕијас и со медијаторот на ОН, Метју Нимиц за спорот за името денеска изјави дека духот и традицијата наградот можеби ќе им помогне да го поместат проблемот напред и да има нешто конкретно и видливо во насока на надминување на прашањето.


Тој порача дека проблемот е најважен за Македонија, но има и важни регионални импликации и влијае врз политиката на ЕУ кон Балканот. Димитров на прес-конференција со австриската колешка Карин Кнајсл порача и дека во процесот мора да се земат предвид позициите и аргументите на двете страни и тоа е патот што ќе ги донесе кон решение.

Читайте на сайте