World News in Macedonian

ЕК бара одговори од Фејсбук

Европската комисија побара од Фејсбук во рок од две недели да одговори на прашањата што се отворија со скандалот со фирмата Кембриџ Аналитика, вклучувајќи го и прашањето дали личните податоци на Европјаните биле користени.


Претходно американскиот регулатор соопшти дека поведува истрага за практиката за користење на приватните податоци на оваа компанија.


Европската комисија исто така побара од американските социјални мрежи да ги извести за предвидените мерки за да се избегне можноста од повторување на ваков случај, се наведува во дописот кој вчера го пратила европската комесарка за правосудство Вера Јурова, а го пренесува агенцијата Ројтерс. 




 


 

Читайте на сайте