World News in Macedonian

Косовските власти со предупредување за Српска листа за ЗСО

Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај предупреди дека ќе бидат уапсени членовите на Српска листа доколку формираат Заедница на српски општини во земјата (ЗСО). Тој посочи дека тие можат да бидат приведени во моментот кога ќе бидат против законите и Уставот на Косово. Партијата Српска листа вчера донесе одлука да излезе од косовската Влада поради инцидентот во Митровица.


Шефот на канцеларијата на српската влада за Косово, Марко Ѓуриќ и Никола Селаковиќ, генерален секретар на српскиот претседател, беа уапсени вчера во Митровица, а насобраните околу зградата на Митровачкиот двор беа растерани од косовските специјалци со солзавец. 


 

Читайте на сайте