World News in Macedonian

Словенија го повика амбасадорот во Русија на консултации

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека Словенија го повикала својот амбасадор во Русија на консултации поради аферата со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.


"Словенија ќе го повика својот амбасадор во Русија на консултации во Љубљана во врска со неодамнешните случувања во Велика Британија," напиша Церар на Твитер.


Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец изјави дека амбасадорот пристигнал во Словенија и дека следува состанок во министерството за надворешни работи.


Агенцијата Хина, повикувајќи се на Ерјавец во понеделникот објави дека Словенија не одлучила да протера некој од руските дипломати во Љубљана поради аферата Скрипал.

Читайте на сайте