World News in Macedonian

Бугарија нема да протера руски дипломати ќе одржува дијалог со Москва

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека неговата земја не планира да протера руски дипломати поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија.


Според него, Бугарија која претседава со Европската унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија, во момент на тензични односи меѓу западните земји и Москва. Тој порача дека Бугарија изразила солидарност со ЕУ и НАТО сојузниците, со тоа што го повикала на консултации својот амбасадор во Москва, а за воведување на мерки потребни се дополнителни докази.

Читайте на сайте