Чешка екстрадирала руски хакер во САД
Чешкото министерство за правда потврди денеска дека го екстрадирале рускиот хакер Јевгениј Никулин во САД. Никулин е обвинет за хакирање на големи интернет компании вклучително Линкедин и Дропбокс во 2012 и 2013 година.
Тој се соочува со казна затвор до 30 години доколку биде осуден во САД. Неговиот случај предизвика меѓународно внимание кога и Русија побара негова екстрадиција. Никулин во Русија се бара за наводна вмешаност во онлајн кражба на околу 2000 долари во 2009 година.