World News in Macedonian

САД задоволни што Македонија се приклучи на акцијата против Русија

Американскиот Стеjт департмент во изјава за МИА денеска укажа дека САД се горди што Македонија се приклучи на заедничката американско-европска акција против Русија за неодговорното однесување.


До ова доаѓа откако Македонија стана дел од акцијата на САД, Канада и дваесет други европски земји во која беа протерани вкупно 139 руски дипломати и разузнавачи како одговор на нападот со отровен нервен агенс во Солсбери, Велика Броитанија.


" Јасно демонстриравме дека сме солидарни со Велика Британија и испративме јасна порака дека со своето неодговорно однесување Русија плаќа висока цена. Продолжуваме да се координираме со партнерите и сојузниците, а оние кои се уште не го сториле тоа ги охрабруваме да преземат мерки за испраќање на слична порака до Русија", се вели во изјавата.


 

Читайте на сайте