World News in Macedonian

Трамп нареди замрзнување на помош за Сирија

Официјални претставници на САД велат дека претседателот Доналд Трамп му наредил на Стејт департментот да суспендира повеќе од 200 милиони долари помош за Сирија, бидејќи неговата администрација ја преиспитува улогата на САД во конфликтот таму.  Замрзнување на средствата за првпат беше објавено од Вол Стрит Џурнал, еден ден откако Трамп изјави дека САД "ќе излезат од Сирија,многу скоро". Неколку други американски  денеска  цитираат неименувани официјални лица дека ја потврдуваат информацијата. Рекс Тилерсон, американскиот државен секретар во заминување, вети дополнителни 200 милиони долари помош во февруари за време на состанокот на глобалната коалиција против милитантите на Исламската држава  што се одржа во Кувајт.

Читайте на сайте