World News in Macedonian

Албанија: Протест поради патарини, Рама не отстапува

Протестот  на локалното население поради воведувањето на патарина на автопатот Албанија – Косово  кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт, а премиерот Еди Рама се огласи со најави за воведување патарина и на други патишта.


Рама исто така остро реагираше околу денешните насилства заканувајќи им се на учесниците дека ќе одговараат пред законот за уништувањето на пунктот и напад на службени лица.


Во меѓувреме според медумите првичниот биланс на повредени е дваесеттина лица, од нив петмина полицајци.


 

Читайте на сайте