World News in Macedonian

Гутереш го повика Израел да биде претпазлив

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го повика Израел на „максимална претпазливост при употребата на сила за да се избегнат жртви“ пред новите демонстрации во појасот Газа, најавени за денеска. „Треба да е возможно цивилите да го користат правото на мирни демонстрации“, наведува тој, повикувајќи на обнова на мировните преговори меѓу Израел и палестинците. Израел предупреди дека упатството за употреба на оружје на границата со Газа на 30 март кога беа убиени 18 палестинци, ќе остане непроменето и денеска за време на новите демонстрации.

Читайте на сайте