World News in Macedonian

Пучдемон излегува од германскиот затвор со кауција

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон се очекува денеска да биде ослободен од германскиот затвор. Германскиот суд вчера определи кауција од 75 илјади евра за Пучдемон додека се очекува одлуката за негова екстрадиција во Шпанија.


Тој ќе биде проверуван од германската полиција еднаш неделно и му е забрането да ја напушти земјата. Шпанија го обвинува Пучдемон за бунт и злоупотреба на јавни средства за организација на неовластен референдум за независност на Каталонија во октомври, 2017 година.


 


 


 

Читайте на сайте