World News in Macedonian

Вучиќ следниот петок на средба со Меркел

Српскиот претседател Александар Вучиќ следниот петок на 13 април ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, на нејзина покана, соопштија од неговиот кабинет.


Заменик портпаролот на германската влада Урлике Демер денеска изјави дека на средбата ќе бидат разгледани билатералните односи на двете земји, регионалните прашања, како и европските и економските теми. Вучиќ и Меркел последен пат се сретнаа во Берлин на 27 февруари, а претстојната средба ќе биде нивен 12 состанок.


 

Читайте на сайте