World News in Macedonian

Руската амбасада во Лондон бара средба со министерот Борис Џонсон

Руската амбасада во Лондон побара состанок со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Во соопштението од амбасадата се наведува дека односите со британското министерство за надворешни работи се „тотално незадоволителни“ и оти е крајно време за разговор меѓу амбасадорот Александар Јаковленко и министерот Џонсон.


Британската страна соопшти дека ќе одговори на барањето „во догледно време“.


Скрипал беше отруен со нервен отров на 4 март во Солсбери. Лекарите соопштија дека нивната состојба се подобрува.


Велика Британија ја обвини Русија за труењето, но Москва негира. Труењето предизвика дипломатска криза меѓу Москва и Западот.

Читайте на сайте