World News in Macedonian

Ослободителна пресуда за убиството на полицајци во Арачиново

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за четворица обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и двајца обвинети кои веќе се починати.


Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците. 


По денешната ослободителна пресуда еден од обвинетите пред зградата на судот изјави дека во нивна одбрана имало 100-тина сведоци кои изјавиле дека тие немале ништо со случајот што им се ставал на товар. 


Тројното убиство се случи на 11 јануари 2000 година, на влезот во Арачиново.


Шестемина обвинети во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток.

Читайте на сайте