World News in Macedonian

Црна Гора избира претседател

Во Црна Гора утрово во седум часот се отворени избирачките места за претседателските избори во кои учествуваат седум кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани. Тие ќе може да гласаат на 1.214 избирачки места.


Тоа се седми претседателски избори од воведување повеќепартиски систем и трети од прогласување независност.


На претседателските избори учествуваат седум кандидати: Марко Милачиќ, Младен Бојачиќ, кандидат на Деморатскиот фронт, Демократите, Социјалитичката народна партија и Граѓанското движење УРА. Кандидат на Партијата на правдата и помирувањето е Хазбија Калач.


Кадидатка на СДП е Драгана Вуксановиќ, а кандидат на владејачката Демократска партија е социјалистот Мило Ѓукановиќ, кој е и фаворил според досегашните сондажи.

Читайте на сайте