World News in Macedonian

Над 60 уапсени по насилните синдикални протести во Франција

Француската полиција уапсила 63 лица по безредијата во градовите Нант и Монтпелје, во кои беа повредени деветмина полицајци. Протестите избија поради најавената реформа на пазарот на трудот, со која претседателот Емануел Макрон се обидува да ја подобри инвестициската клима во Франција.


Синдикатите го обвинуваат Макрон за намалување на работничките права, и повикаа на штрајк во повеќе индустриски дејности.


Во Нант, протестите против реформите на Макрон се надоврзале на полицискиот обид да истера група диво вселени демонстранти од една зграда. Полицијата морала да употреби солзавец за да ги разбие демонстрантите.

Читайте на сайте