World News in Macedonian

Закажана седницата за рускиот одговор на американските санкции

Долниот дом на рускиот Парламент за 15 мај ја закажа седницата на која треба да се разгледува нацрт законот за одговор на американските санкции. Руските власти денеска разговараа за плановите како да им одговорат на Соединетите Американски Држави кои пред 10 дена наметнаа нови санкции за руски тајкуни, безбедносни службеници, политичари и компании, за кои се тврди дека имаат блиски врски со претседателот Владимир Путин.


Рускиот предлог-закон за борба против „непријателските дејствија на САД и другите странски држави“, ќе и овозможи на владата на Путин да го забрани или ограничи увозот на стоки и услуги од САД. Меѓу стоките кои можат да бидат забранети или ограничени се лекови, алкохол, тутун, земјоделски и индустриски производи, технолошка опрема и компјутерски софтвер, но Русите ќе можат да донесат голем број предмети во земјата за лична употреба.

Читайте на сайте