World News in Macedonian

САД со апел до новиот претседател на Куба за крај на репресијата

Американските власти го повикаа новиот претседател на Куба Мигел Дијас Канел да ја оконча „репресијата“ на островот, осудувајќи ја „недемократската транзиција на власт“ во таа земја. „Разочарани сме што кубанската влада избра да ги замолчи независните гласови, да го задржи репресивниот монопол на моќта и да не му дозволи на сопствениот народ слободни, фер и мирни избори“, изјави портпаролката на Стејт депратментот Хедер Ноерт. Канел е избран за наследник на кубанскиот претседател Раул Кастро со што заврши скоро шест децениското владеење на браќата Фидел и Раул Кастро на Куба.

Читайте на сайте