World News in Macedonian

Продолжуваат апсењата на протестите на опозицијата во Ерменија

Ерменската полиција уапсила најмалку 65 демонстранти кои ги блокираат улиците низ главниот град Ереван против назначувањето на поранешниот претседател на државата Серж Саркисјан на премиерската функција. Протестите се одвиваат осми ден по ред.


Вчера над 100 демонстранти кои се обидуваа да го блокираат влезот во владината зграда беа уапсени по судирите со полицијата. Опозицијата го обвинува Саркисијан, кој долго време беше претседател на Ерменија дека го променил политичкиот систем на земјата од претседателски во парламентарен со цел да остане на власт.

Читайте на сайте