World News in Macedonian

Русија ќе ги снабдува сириските власти со ракетен одбранбен систем

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров сугерираше дека неговата земја можеби ќе го снабди режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со ракетен одбранбен систем со висока прецизност С-300. Тој во интервју за новинската агенција РИА порача дека Русија во минатото не го направила тоа поради противењето на западните земји.


Според него, во услови на воздушните ракетни напади врз Сирија, неговата земја повеќе нема морална обврска да се држи до ветувањето. САД, Британија и Франција истрелаа повеќе од 100 ракети врз сириски објекти како одговор на хемискиот напад на владините сили врз цивили во градот Дума.


 


 

Читайте на сайте