World News in Macedonian

Директорот на Телеграм повика на протести во Русија

Директорот на Телеграм, Павел Дуров повика на нови протести во Русија поради напорите на властите за блокирање на апликацијата за пораки. Дуров кој ја напушти земјата во 2014 поради притисоци им се заблагодари на Русите кои на 22 април фрлаа хартиени авиончиња од нивните прозорци во знак на поддршка на Телеграм. Логото на апликацијата е хартиен авион.


„Наредната акција на 29 април в недела“, напиша тој на Фејсбук. Телеграм одбива да сподели податоци за нејзините корисници и покрај барањето на руските власти.


 

Читайте на сайте