World News in Macedonian

Русија не донела одлука за испорака на ракетниот систем во Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека властите се уште не донеле одлука за тоа дали да испорачаат ракетен одбранбен систем С-300 на Сирија. Тој за време на посетата на Пекинг истакна дека ќе треба да се почека на одлуката на руското и сириското лидерство.


Лавров претходно во интервју за новинската агенција РИА порача дека Русија во минатото не го направила тоа поради противењето на западните земји. Тој порача дека во услови на воздушните ракетни напади врз Сирија, неговата земја повеќе нема морална обврска да се држи до ветувањето. САД, Британија и Франција истрелаа повеќе од 100 ракети врз сириски објекти како одговор на хемискиот напад на владините сили врз цивили во градот Дума.

Читайте на сайте