World News in Macedonian

Ердоган најави предизборен митинг во Европа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека планира во мај да одржи предизборен митинг во Европа, но одби да каже за која земја станува збор.


Минатата година Ердоган се судри со европски функционери околу обидот на неговата партија да одржи собири во европските градови со турска дијаспора, во рамки на кампањата пред референдумот за проширување на претседателските овластувања.


Германија, Холандија и Австрија ги забранија собирите.


Минатата недела Ердоган закажа предвремени парламентарни и претседателски избори за 24 јуни, речиси 18 месеци пред планираното.

Читайте на сайте