World News in Macedonian

Киргистанскиот Парламент ја одобри новата Влада

Новата Владата на Киргистан положи заклетва во Парламентот по една недела откако беше распуштена претходната. Членовите на новиот кабинет предводен од Мухамедкали Абилгазијев беа одобрени по само неколку часа откако пратениците го избраа Откурбек Јамшитов за државен обвинител по неговото номинирање од страна на претседателот Соронбаи Јиенбеков. Владата на претходниот премиер Сапар Исаков беше распуштена откако пратениците не и изгласаа доверба.

Читайте на сайте