World News in Macedonian

Ерменска партија ја напушти владејачката коалиција поради нови протести

Помалиот партнер на Републиканската партија ја напушти владејачката коалиција во Ерменија, повикувајќи на избор на премиер со „доверба на народот“, откако избија нови протести на опозицијата во Ереван. Потегот на Емрменската револуционерна федерација и нанесе удар на Републиканската партија, која противниците ја обвинуваат за зацврстување на власта, откако нејзиниот лидер Серж Саркисијан се повлече од функцијата премиер по речиси две недели протести.


„Имајќи ја предвид сегашната ситуација, објавуваме прекинување на нашето учество во политичката коалиција“, наведоа од Емрменската револуционерна федерација во денешно соопштение. Оттаму додадо дека во земјата треба да биде избран премиер кој ќе ја „ужива довербата на народот.“

Читайте на сайте