World News in Macedonian

Анкара ги отфрли предупредувањата од Вашингтон за рускиот ракетен систем

Турција го отфрли предупредувањето од новиот американски државен секретар за купувањето на рускиот ракетен систем С 400 наведувајќи дека договорот е речиси готов и не може да биде повлечен.


Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Мајк Помпео на маргините на НАТО состанокот во Брисел вчера му кажал на турскиот колега дека САД се “сериозно загрижени” за одлуката на Анкара да купи руско оружје кое не е компатибилно со системот за одбрана на НАТО, соопштија американски официјални лица.


Но, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турските медиуми рече дека договорот за набавка на С400 вреден 2,5 милијарди долари е потпишан во декември и е завршена работа. Тој додаде дека Русија ја забрзала испораката на ракетниот систем на барање на Турција.

Читайте на сайте