World News in Macedonian

Сириската армија презема села од опозициските сили поддржани од САД

Сириската војска соопшти дека презела неколку села од курдските сили поддржани од Соединетите Американски Држави источно од реката Еуфрат во близина на границата со Ирак. Сириската државна телевизија денеска јави дека селата се на територијата врз која курдската милиција ја презема контролата од Исламска држава како дел од кампањата за чистење на источна Сирија од милитантите.Сириската армија ретко се судира со курдската милиција која беше дел од сојузот на сириски демократски сили за време на акцијата против Исламска држава.

Читайте на сайте