World News in Macedonian

Дачиќ се закани со реципрочни мерки кон Хрватска

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека политиката на Србија кон Хрватска во иднина ќе биде заснована на принципот на реципроцитет. Тој за таблоидот „Информер“ порача декатаквите мерки се вообичаена пракса во дипломатијата и доколку дојде до нови непријателски чекори на Загреб, српските власти се подготвени за реакција.


„Се надевам дека разумот ќе надвладее и дека ќе продолжиме по патот на добрососедските односи, како што имаат зацртано претседателите Колинда Грабар Китаровиќ и Александар Вучиќ. Но, доколку некој сака дипломатска војна, ќе добие дипломатска војна“, изјави Дачиќ.


 


 

Читайте на сайте