World News in Macedonian

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Ереван за гласањето за нов премиер

Илјадници луѓе го преплавија центарот на Ереван со цел да го гледаат гласањето во Парламентот за избор на нов премиер на Ерменија во услови на предупредувањата од опозицискиот лидер и организатор на протестите Никол Пашинијан дека владејачката партија можеби ќе се обиде да го наруши процесот. На централниот плоштад се поставени огромни монитори.


Пашинијан, кој е единствен кандидат ја обвини владејачката Републиканска партија на поранешниот премиер Серж Саркисјан дека се подготвува да ја спречи специјалната седница на Парламентот. Пашинијан ја обезбеди поддршката од сите опозициски партии за неговата кандидатура. Републиканската партија има 58 пратенички места од 105 во Парламентот.

Читайте на сайте