World News in Macedonian

МААЕ нема докази дека Иран работи на нуклеарно оружје

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нема кредибилни докази оти Иран работи на развивање на нуклеарна експлозивна направа по 2009 година. Според агенцијата, прашањето за иранската нуклеарна програма е затворено по извештајот објавен во декември 2015 година.


Во согласност со стандардната пракса на агенцијата, се наведува дека се проценуваат сите релевантни безбедносни информации кои им се достапни. Но, истакнуваат од МААЕ, дека не е нивна пракса јавно да дискутираат за прашања поврзани со такви информации.


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека неговата земја има документи кои покажуваат нови докази за иранскиот план за нуклеарно оружје кој може да биде активиран во било кое време.


 


 


 


 

Читайте на сайте