World News in Macedonian

Поддржувачи на Навални започнаа со протести низ Русија

Поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални денеска започнаа со протести во Москва, Санкт Петерсбург и други градови низ Русија, против новиот шестгодишен мандат на претседателот Владимир Путин.


Путин на 7 мај треба да даде свечена заклетва за својот четврти мандат како претседател на Русија, продолжувајќи го 18-годишното владеење.


Дописникот на РСЕ вели дека полицијата се судрила со демонстрантите и уапсила неколкумина на протестот во сибирскиот град Краснојарск.


Во Томск е уапсена координаторката на Навални, Ксенија Фадеева, додека неколу стотици луѓе протестираат во сибирскиот град.


Демонстрантите во градот Хабаровск на рускиот Далечен исток извикуваа „Долу со царот.“


Навални, кој организираше големи протести и кој објави серија извештаи во врска со корупција на владејачката елита во Русија, не учествуваше на претседателските избори поради забрана за осудата за обвиненија за финансиски злосторства за кои тврди дека биле фабрикувани.


Тој денешните протести ги започна под слоганот: „Тој не е нашиот цар.“

Читайте на сайте