World News in Macedonian

Путин инаугуриран за претседател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва на функцијата на церемонијата во Кремљ. Путин на претседателските избори во март доби 76 насто од гласовите и се избори за нов шест годишен мандат.


На инаугурацијата и претходеа демонстрации против Путин во саботата во Москва и во други градови на Русија, а кои се одржаа на повик на опозиционерот Алексеј Навални под паролата „Тој не е цар“. Тогаш беа приведени околу илјада и шестотини луѓе. По инаугурацијата Владата автоматски поднесува оставка, а Путин со указ именува мандатар за состав на нова влада.

Читайте на сайте