World News in Macedonian

Кандидатката за шефица на ЦИА понуди да се повлече

Кандидатката на претседателот на САД Доналд Трамп за нова шефица на ЦИА Џина Хаспел понуди да се откаже од функцијата поради загриженоста на Белата куќа дека нејзината улога во суровото испитување осомничени лица за тероризам би можело да го спречи нејзиниот избор во Сенатот. Сепак, Белата куќа вчера соопшти дека останува на кандидатурата на Хаспел. Досегашната заменичка на директорот на ЦИА кратко време беше на чело на тајниот затвор на Тајланд во 2002 година кога двајца осомничени припадници на Ал Каида наводно биле мачени со симулација на давење.

Читайте на сайте