World News in Macedonian

Договор во последен момент или нови избори во Италија

Ако не се постигне договор во последен момент за формирање на нова влада Италија треба да одржи нови избори на 8 јули, откако пред два месеца беа одржани избори без јасен исход, соопштија денеска Движењето пет ѕвезди и ултрадесничарската партија Лига.


Лидерот на Лига, Матео Салвини и лидерот на Движењето пет ѕвезди Луиџи ди Мајо предложија датум за повторни избори по средбата во Парламентот, додека претседателот на Италија, Серџо Матарела одржува последна рунда консултации во обид да издејствува политички договор помеѓу партиите. Претходно, Салвини изјави дека од Матарела побарал мандат за формирање на влада.

Читайте на сайте