World News in Macedonian

ЕУ го поканила Хашим Тачи на Самитот во Софија

Косовскиот претседател Хашим Тачи добил покана од ЕУ и од Бугарија да учествува на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Софија, што ќе се одржи на 17 мај, објави приштинскиот весник „Експрес“.


Весникот посочува дека на поканата до Тачи потпишани се претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.


Претходно беше објавено дека на Самитот ќе учествува косовскиот премиер Рамуш Харадинај, но неговиот советник Авни Арифи изјави дека Харадинај ќе присуствува само на Виенскиот економски форум што ќе се одржи на 18 мај во Софија.

Читайте на сайте