World News in Macedonian

Трамп ги пречека ослободените затвореници од Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп им посака добредојде на тројца американски државјани кои беа затворени во Северна Кореја. Трамп му се заблагодари на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун за нивното ослободување.


Тој притоа порача дека верува оти Ким Џонг Ун сака да постигне договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обезбеди ослободувањето на американските државјани за време на вчерашната посета на Пјонгјанг каде се договараа крајните планови за самитот на Трамп и Ким Џонг Ун.

Читайте на сайте