Ќе го соопштат ли Заев и Ципрас во Софија договорот за името?
Опозицијата бара итна лидерска средба за името, од владата не одговараат кога и дали таа би се случила, а аналитичарите очекуваат в четврток во Софија премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да пресечат и за останатите спорни прашања.