World News in Macedonian

На ДПА и е понуден министер без ресор за влез во Владата

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи пред денешниот состанок на Централното собрание изјави дека имаат конкретна и коректна понуда од премиерот Зоран Заев, неговата партија политички и кадровски да стане дел од Владата.


Тачи посочи дека ДПА ќе добие министер без ресор задолжен за економија и странски инвестиции и заменик министер за транспорт и врски, додека за другите позиции формирани се работни групи за да се договорат и тие кадровски решенија.


Тој порача дека очекува Централното собрание да донесе одлука за влез на ДПА во Владата. 

Читайте на сайте