World News in Macedonian

Утре лидерска средба за името

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека утре во Клубот на пратеници ќе се одржи лидерска средба на која тој ќе информира за преговорите за спорот за името и неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија. На средбата, како што рече, очекува да се изгради консензус за ова прашање. Средбата ќе се одржи во 13 часот. Заев по вчерашната средба со неговиот грчки колега Ципрас рече дека една од опциите за името е прифатлива и за двете страни. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа одржување на итна лидерска средба.  И во Атина се очекува викендов грчкиот премиер Ципрас да ги информира тамошните политички фактори за последната средба со Заев. 

Читайте на сайте