World News in Macedonian

Неколкумина убиени при пукање во училиште во Тексас

Неколку луѓе се убиени во пукање во средно училиште во американската држава Тексас, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот се случи денеска во училиште во градот Санта Фе. Од канцеларијата на локалниот шериф соопштија дека има повеќе повредени кои се згрижени, дека нема повеќе пукање, а дека осомничениот се наоѓа во полициски притвор. Пукањето во Санта Фе е последно од ваквите инциденти во училиштата во САД. Во февруари 17 ученици и вработени загинаа при пукање во училиште во Флорида.

Читайте на сайте