World News in Macedonian

Од денеска нови европски правила за заштита на приватноста

Во ЕУ од денеска стапува во сила новата европска регулатива за заштита на личните податоци, позната како ГДПР, која и им дава на корисниците поголема контрола врз сопстените податоци.


Меѓу најважните промени што ги носи оваа регулатива се тоа што од сега компаниите ќе мораат со „јасен и прецизен“ речник да им ги објаснат правилата за приватност на корисниците, за разлика од досегашните долги и комплексни упатства, на кои најчесто корисници кликаат „прифаќам“ без да ги прочитаат. Дополнително, корисниците ќе треба да дадат „афирмативна“ согласност“ за споделување на нивните лични податоци, додека до сега беше дозволено молкот да се смета за согласност, или пак условите за споделување на податоците да бидат скриени во долгите упатства за употреба на веб сајтовите.


Компаниите исто така ќе имаат обврска да ги информираат граѓаните кога нивните лични податоци се трансферираат надвор од ЕУ, но и да образложат за кои цели тие се трансферираат како и да му дадат можност на корисникот да одбие.

Читайте на сайте