World News in Macedonian

ЕК со позитивна оценка за македонските економски реформи

Според Извештајот на Европската комсиија Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот, соопшти Министерството за финансии.


Според соопштението, во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките. Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата.


Напредокот бил истакнат на денешниот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствувале министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска - Бежоска.

Читайте на сайте