World News in Macedonian

Полска бара постојано писуство на трупи на САД на нејзина територија

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска изјави дека имал разговори со американски официјални претставници за постојано сместување на трупи на САД во Полска, како пречка против руска агресија.


Блашчак рече дека неодамна имал разговори во Вашингтон кои биле поттикнати поради загриженоста за безбедноста по руската илегална анексија на украинскиот Полуостров Крим и нејзината поддшка за проруските сепаратисти во источна Украина.


„Резултатот од нашите напори е тој што Сенатот на САД контактираше со Пентагон во врска со постојаното присуство на американски трупи во Полска“, изјаиви Блашчак.


Коментарите доаѓаат откако полскиот портал „Онет“ напиша дека Полска сака постојана американска база на своја територија и подготвена е да плати две милијарди долари за тоа да го оствари, пишува порталот кој имал увид во тој предлог на полското Министерство за одбрана.

Читайте на сайте