World News in Macedonian

Отворен Јужниот коридор за азербејџански гас до Европа

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска официјално го отвори проектот Јужен гасен коридор, кој транспортира азербејџански гас до Европа.


„Овој проект се реализира благодарение на широката меѓународна соработка и ќе придонесе за натамошно зајакнување на односите меѓу земјите учеснички“, рече Алиев.


Тој изрази благодарност до владите на САД, Велика Британија, раководството на ЕУ и меѓународните финансиски институции за постојаната поддршка при градењето на Јужиот гасен коридор.


Според Алиев, Коридорот има важно значење за енергетската безбедност на Европа, за диверзификација на изворите и правците за дотур на јаглеводородни ресурси.

 

Читайте на сайте